Утрински Весник
Македонија

Почина ортопедот проф. д-р Глигор Џолев

Dholev Gligor.webp.webp

На 80-годишна возраст почина истакнатиот ортопед проф. д-р Глигор Џолев, соопшти семејството.

Професор д-р Џолев е роден 20.07.1944 година во Струмица и целиот свој живот го посвети на медицината, несебично помагајќи им на своите пациенти со стручност, човечност и искрена грижа. Од 1972 година до 2009 година работеше, и своевремено бил Директор, на Ортопедската клиника во Скопје, како и редовен Професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.


Покрај својата кариера, проф. д-р Џолев беше столбот на своето семејство – посветен сопруг, грижлив татко и горд дедо, како и пријател на голем број Скопјани. Со својата мудрост, добрина и благородност остави неизбришлива трага во животите на најблиските.

Погребот на проф. д-р Џолев ќе биде извршен на 15 март, во 11 часот на гробиштата Бутел во Скопје.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила