Утрински Весник
Македонија

Почина македонската пејачка Анка Гиева

20240908210610.jpg
Dik 300x250 mk

Една од легендите на македонската народна музика пејачката Анка Гиева почина на 86 годишна возраст. Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана денес на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје.

Родена е во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. За Радио Скопје снимила голем број антологиски народни песни, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода”, „Отвори ми бело Ленче” и други.

Анка Гиева беше меѓу 13 легендарни музичари од областа на македонската народна музика кои во 2022 беа одликувани со Медал за заслуги од претседателот Стево Пендаровски. Одликувањето беше доделено за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената