Утрински Весник
Македонија

Почина Ленче Софрониевска, една од основоположниците на современиот судски систем во Македонија

Image 241720.png

Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија, која значително придонесе кон развојот на современиот судски систем во Македонија по стекнувањето независност на државата, почина на вчера на 77-годишна возраст, соопшти семејството.

Најголем дел од својот професионален живот го посвети на реформите во правосудството со цел обезбедување на самостојност и независност на судската власт од извршната и законодавната власт.

Софрониевска е родена на 14 јануари 1948 година во Скопје. Правосудната кариера ја започнува во 1974 година во Општинскиот суд Скопје 2, кога била избрана за најмлад судија во тогашната СР Македонија. Во претходниот систем, таа била претседател на Судот на здружен труд и член на Претседателството на ЦК СКМ. По прогласувањето на независноста на Македонија, Софрониевска била советник во првата Влада на Република Македонија и генерален секретар на Владата.

Во подоцнежниот период, таа работела како судија и претседател на Апелациониот суд во Скопје, како и член и претседател на Републичкиот судски совет на Република Македонија. До пензионирањето, Софрониевска работеше како адвокат, продолжувајќи да дава значаен придонес во правниот систем на земјата.

Можете да прочитате

Филков до Европски фронт:Трагично е што дискусијата ја сведувате на пари вложени во судството а не направивте ништо додека бевте на власт

Прегазени двајца пешаци – едниот во центар на Скопје, другиот во Драчево

Андоновска: Земени се примероци и дополнително се прават и други анализи кои не се поврзани со храна и вода