Утрински Весник
Спорт

Почина легендата на Нотингем, Тревор Френсис, првиот фудбалер од 1 милион фунти

Почина легендата на Нотингем, Тревор Френсис, првиот фудбалер од 1 милион фунти

Тревор Френсис, поранешниот англиски репрезентативец и ѕвезда на Нотингем форест, починал на 69 години во својот дом во Марбелја, Шпанија, објавија англиските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Френсис беше првиот фудбалер за кого беа платени милион фунти и беше клучен играч во Нотингем форест на Брајан Клоф, кои ја освоија европската титула во 1979 година. Френсис ја почна кариерата во Плимут и Бирмингем сити, за во 1979 година да стане најскапиот фудбалер на светот кога Нотингем форест платија 1 милион фунти за неговиот трансфер. Легендарниот тренер Клоф изјавуваше дека сумата која ја платиле била 999.999 фунти за сумата да не му „удри во главата“. Френсис го постигна победичкиот гол на „Олимпико“ во Рим против Малме за да стане легенда на Форест.

Во 1980 година, тој се пресели во Манчестер сити, а потоа играше и во италијанските Сампдорија и Аталанта, за кариерата да ја заврши со шкотскиот Ренџерс. По крајот на кариерата, Френсис беше менџер во Квинс парк ренџерс и Шефилд венсдеј.

Според британските медиуми, најверојатната причина за смртта е срцев напад.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари