На 64-годишна возраст почина Грег Фостер, легендарниот американски спортист и во 80-тите години на минатиот век еден од најдобрите светски атлетичари на 110 метри со пречки.
Во изминатите неколку години, Фостер се бореше со амилоидоза, ретка болест во која акумулацијата на протеини предизвикува оштетување на различни органи. Поради оваа болест, Фостер беше принуден да направи трансплантација на срце пред три години.
Фостер во текот на кариерата освои три златни медали на светските првенства. Тој беше најдобар во 1983 година во Хелсинки, 1987 година во Рим и 1991 година во Токио. Тој освои сребрен медал на Олимписките Игри во 1984 година во Лос Анџелес.
RIP Greg Foster 110m hurdler great has died aged 64. Had heart transplant 3 years ago. World champion in 83, 87 and 91. Olympic silver medallist in LA in 1984. This race is World Championships 1991 in Tokyo. pic.twitter.com/H7rdzQXDgA
— Letterkenny Athletic Club (@LetterkennyAc) February 20, 2023