Припадникот на холандските специјални сили на воена обука во САД, кој во петокот беше застрелан пред хотел во Индијанаполис, починал од повредите, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.
Во пукањето ранети беа тројца холандски командоси кои се на специјализација во САД, јавува „Ројтерс“.
Другите двајца мажи се хоспитализирани и се во стабилна состојба, соопшти Министерството, без нови детали за инцидентот.
Полицаец од Индијанаполис изјави дека се чини дека имало претходна расправија далеку од Хемптон Ин, во центарот на Индијанаполис.