Утрински Весник
Свет

Почина Франческо Ривела, „таткото на Нутела“

0400779620kakao20krem20nutela20750g.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Франческо Ривела, кој многумина го нарекуваа „татко на Нутела“, почина на 97-годишна возраст. Овој хемичар работеше за Фереро и беше дел од тимот што го создаде слаткиот намаз.

Започнал да работи за Фереро во 1952 година, по дипломирањето на Универзитетот во Торино. Тој беше во тимот задолжен за проучување на суровини за развој на нови производи.


Тие комбинираа, рафинираа и експериментираа со состојки во потрага по совршени вкусови. За време на неговата долга кариера, Ривела стана висок менаџер во споменатата компанија, работејќи како десна рака на Микеле Фереро.

Новинарот Џиџи Падовани во својата книга „Mondo Nutella“ напишал дека тие двајца го обиколиле светот во потрага по слатки, не за да го копираат нивниот вкус, туку за да ги подобрат. По пензионирањето, Ривела живеел во Алба, каде што се посветил на овоштарството.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп