Утрински Весник
Свет

Почина британската кралица Елизабета Втора

Почина британската кралица Елизабета Втора
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Почина британската кралица со најдолг стаж Елизабета Втора. Таа имаше 96 години.

dobivaj vesti na viber

Англиската кралица почина откако беше под медицински надзор во нејзиниот замок Балморал во Шкотска.

Веста ја потврдија од Бакингемската палата.

 

Елизабета Втора беше монарх на Велика Британија и 14 други кралски земји на Комонвелтот и врховен поглавар на англиската црква. Таа се искачи на тронот на 6 февруари 1952 година, а свеченото крунисување, следната година, беше првото што се емитуваше на телевизија.

Нејзиниот престој на тронот од 70 години го одбележаа и низа геополитички настани, почетокот и крајот на Студената војна, формирањето на Европската унија и излегувањето на самото Обединето Кралство од неа.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро