Утрински Весник
Македонија

Почина Бора Чорба – 24info.mk

Bora Corba.jpg

По кратко боледување денеска почина Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“. Информацијата за неговата смрт ја соопшти токму бендот.

„Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нѐ напушти нашиот пријател и брат, Борислав Бора Ѓорѓевиќ. Почивај во мир наш драг Боки“, стои во соопштението на бендот.

71 годишниот Ѓорѓевиќ почина во Клиничкиот центар во Љубљана каде беше примен поради тешко воспаление на белите дробови.

Можете да прочитате

Двајца кумановци ограбиле објект во касарната

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Левица: ДПМНЕ одби три амандмани на Левица за борба против семејното насилство и поддршка на жртвите