Утрински Весник
Македонија

Почина Јагнула Куновска, позната македонска правничка и политичарка

Jagnula Kunovska 2012 Janevska Ilieva 01 1024x680 1.jpg

На 81-годишна возраст, денеска почина Јагнула Куновска, една од најистакнатите личности во македонската правна, политичка и културна сцена.

Родена во 1943 година во Костур, Грција, Јагнула Куновска беше внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. По бегството од Грција за време на Граѓанската војна во 1948 година, пристигна во Тетово и започна нов живот во Македонија.


Своето образование го заврши на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а како адвокат, изгради реноме во правниот свет. Паралелно со правната кариера, Куновска беше и активен учесник во македонската литература, како член на Друштвото на писателите на Македонија.

Нејзината политичка кариера започна во 1990 година кога ја основаше партијата Движење за семакедонска акција (МААК). Куновска активно учествуваше во политичките процеси, поддржувајќи важни кандидатури, вклучувајќи го и Тито Петковски за претседател во 1999 година. Низ годините беше кандидат за пратеник, а подоцна премина во ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Првото бебе во 2025 година се роди минута по полноќ во Скопје!

Видео: Атмосфера од новогодишните огномети над градот Скопје!

Земјотрес почувствуван во Македонија во Новата година