
Маж на 38-годишна возраст од Гостивар починал вчера во болницата во градот, откако претходно му била укажана медицинска помош во неговиот дом.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 11:40 часот во ОВР Гостивар од страна на Итната медицинска помош. Лицето А.Б. било пренесено во болницата во Гостивар, каде што во 14:40 часот им подлегнало на последиците.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насока на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а истрагата продолжува.

