Трагична вест доаѓа од САД. Американската фудбалерка Талија Чаверија, почина на само 20 години. Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот дом и полицијата сега го истражува случајот, но не веруваат дека имало вмешаност однадвор.
Чаверија беше членка на фудбалскиот тим на универзитетот Њу Мексико.
For T 💜 pic.twitter.com/spRt1RWv1P
— NM State Soccer (@NMStateWSOC) July 12, 2023
„Вчера изгубивме прекрасна млада жена и длабоко сме тажни поради прераната смрт на член на нашето семејство. Талија беше многу ведра и оние кои имаа среќа да поминат време со неа знаеја дека ја чека светла иднина“, рече спортскиот директор на универзитетот, Марио Мокиа.
И тренерот на тимот Роб Бартс беше уништен од загубата на талентираната фудбалерка.
„Ненадејната загуба на Талија целосно нѐ потресе. Таа беше инспирација и клучен играч за нашиот тим. Ќе ни недостига, но никогаш не ја заборавиме. Нејзиниот дух ќе биде со нас секој ден. Секогаш ќе ја сакаме“, изјави Бартс.