Утрински Весник
Свет

ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕДМИЦА НОСИ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ЗАПАДНА И ЈУГОЗАПАДНА ЕВРОПА: Се очекуваат температури и до 45 степени

81 778sp.gif

Почетокот на новата седмица носи краткотраен, но силен и екстремно топол бран во западна  и во југозападна европа, па така особено во Шпанија  и во Португалија температурите се очекува да се искачат и над 40 степени, додека понекаде тие ќе се искачат дури и во интервалот помеѓу 43 и 45 степени.

Овие температури се далеку над просекот за крајот на месец јули, но сепак како што кажав и претходно, овој екстремно топол бран во овие предели од европа ќе биде краткотраен, и веќе на самиот почеток на август се очекува поголем пад на температурите, како и нестабилно време.

Што се однесува до временската состојба во Македонија, продолжува сушниот  и топол период и во текот на новата работна седмица, но со тоа што во почетокот на седмицата повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван