Утрински Весник
Македонија

Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста

20240906173911 big 730x400 55.webp.webp

Во касарната „Илинден“ утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Во 18 часот ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.


– Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември, информираа денеска од Генералштабот на Армијата.

Можете да прочитате

Љутков од Анкара: Се продлабочуваат партнерството и соработката во културата и туризмот меѓу Македонија и Турција

Левица: Заеднички фотографии на Томовски и директор на фирма со 160 тендери не се доказ за корупција за ДКСК

Слободата на говорот – што се случува по изговорениот збор?