
Екипите на Шкендија и на Тиквеш остварија победи во првите два натпревара од вториот дел од шампионатот (17.коло).
На дербито во Тетово, Шкендија дури во финишот го „скрши“ отпорот на второпласираниот тим Струга со 2:0. Триумфот на тетовчани го најави Себастијан Спахиу во 78.минута, а воедно беше асистент на вториот гол кој го постигна Фахд Нзенгуе во 88.минута.
На вториот дуел Шкупи „формално“ беше домаќин во Кавадарци и беше поразен со убедливо 6:0, а јунак на победата беше Берат Садик кој постигна хет-трик.
Од оваа рунда утре играат: Вардар – Арсими и Силекс – Башкими, додека во четврток на програмата се натпреварите: Брера – Македонија ЃП и Пелистер – Работнички.
Табела: Вардар 42 бода, Струга 41, Шкендија 39, Силекс 31, Арсими 22, Башкими 22, Тиквеш 21, Брера 19, Пелистер 16, Македонија ЃП 15, Работнички 7, Шкупи 1.


