Утрински Весник
Спорт

Победи на Циципас и Руне, пораз на Медведев на Мастерсот во Монте Карло

Cicipas Avstralija Open 2.jpg

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас денеска се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако по два сета со 7:5, 7:6 го совлада петтиот светски играч Александар Зверев од Германија.

Циципас, 12. тенисер во светот, победи по два часа и осум минути.
Во првиот сет тенисерите добиваа гемови на свои сервиси до последната 12. кога Циципас направи брејк и поведе во мечот.

Грчкиот тенисер добро го започна вториот сет поведе со 5:1, но не успеа да искористи две меч топки. Зверев успеа да освои тајбрејк, кој Циципас го доби со 7:3.

Циципас во четвртфиналето ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој со 6:3, 7:5 беше подобар од сонародникот Данило Медведев.

Данецот Холгер Руне се пласираше во осминафиналето победувајќи го Сумит Нагал од Индија со 6:3, 3:6, 6:2.

Противник ќе му биде Григор Димитров од Бугарија, кој претходно денеска го совлада српскиот тенисер Миомир Кечмановиќ со 6:4, 6:3.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност