Утрински Весник
Спорт

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

20260308080925 big 730x400 91.webp.webp

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го освои првото место, а неговиот тимски колега Андреа Кими Антонели заврши втор утрово на отворањето на сезоната 2026 во Формула 1.

Дваесет и осумгодишниот Расел ја започна трката од пол-позицијата и ја искористи предноста.


На пиедесталот се искачи и возачот на Ферари, Шарл Леклер кој беше трет.

Во првите десет се најдоа и: Луис Хамилтон (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Макс Верстапен (Ред Бул), Оливер Берман (Хас), Арвид Линдблад (Рејсинг Булс), Габриел Бортолето (Ауди) и Пјер Гасли (Алпин).

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го удри својот автомобил во формациските кругови и не можеше да се натпреварува на домашната трка.

Во поредокот за возачи води Расел со 25 бодови, пред Антонели со 18 и Леклер со 15.

Пласман на првите три кај конструкторите: Мерцедес 43, Ферари 27, Мекларен 10.

Следната етапа ќе се одржи во Шангај, Кина, од 13 до 15 март.

Можете да прочитате

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1

Иранската државна телевизија ги прогласи фудбалерките за предавници