Вчера во 11.20 часот во СВР Охрид, 52 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 евра.
Според пријавеното, жената во септември 2023 година на веб страна забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа во хотел и притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и сл.
Таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот каде ја чекал вистински шок. Од таму била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена.