Утрински Весник
Македонија

По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Zemjotres1.jpg

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.  

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.


Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, беа регистрирани и вчера изутрина во Охридскиот регион. Најсилниот беше почувствуван во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала. 

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.

Можете да прочитате

СДСМ: Си кажа ВМРО за часовниците вредни 150 плати – приватен бизис на Мицкоски

Савески, Раичевиќ, Панчевски и Хајрулахи меѓу кандидатите за државен јавен обвинител

Владата го подржува протестот на транспортерите, ЕУ мора да го олесни пристапот за професионалните возачи