Утрински Весник
Македонија

По топлотниот бран, ни доаѓа невреме, силен северен ветер и освежување!

Meteoalarm.mk 68.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Топлотниот бран со потекло од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија го достигнува својот максимум, па така денес и утре (четврток и петок 26/27 јуни) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.


Веќе утре (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер а локално е можно и невреме со појава на град. И во делови од Скопскиот регион утре (петок 27 јуни) попладне  и навечер ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме.

За време на викендот пак (сабота  и недела 28/29 јуни) поради продор на посвежа воздушна маса од север кај нас температурите ќе бележат тенденција на пад за 5 до 7 степени во однос на оние кои ќе ги имаме денес (четврток 26 јуни) и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје максимумот на температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 33/34 степени.

Исто така за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).

Можете да прочитате

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

Утрово голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино – претреси поради финансиски криминал