Утрински Весник
Свет

По терористичките напади Израел размислува да им дозволи на цивилите да носат оружје

По терористичките напади Израел размислува да им дозволи на цивилите да носат оружје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кабинетот за безбедност на Израел одобри мерки со кои на Израелците ќе им се овозможи носењето оружје по двата одделни напади на Палестинците во Ерусалим оваа недела, јавува „Би-Би-Си“, додавајќи дека владата во полн состав ќе го разгледа в недела носењето на мерките.

dobivaj vesti na viber

„Кога цивилите имаат оружје, тие можат да се одбранат“, изјави контроверзниот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир за новинарите пред болницата во Ерусалим. Новите мерки вклучуваат одземање на правото на престој и социјална заштита на членовите на семејството на напаѓачот.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети силен и брз одговор на состанокот на безбедносниот кабинет.

„Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио“, рече тој.

Во петокот вечерта, 21-годишен Палестинец пукаше во случајни минувачи во близина на синагога во населбата Неве Јацов, убивајќи седум лица, а потоа се самоуби. Во саботата наутро, 13-годишен Палестинец застрела и рани двајца Израелци во Силван, во близина на ѕидините на Стариот град.

Ова ново насилство во источен Ерусалим доаѓа во време на ненадејна ескалација по смртта на девет Палестинци во четвртокот во операцијата на израелската армија во Џенин, на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија