Утрински Весник
Свет

По смртта на тинејџерот во Прага на екскурзија, учениците од Пореч се вратија дома

По смртта на тинејџерот во Прага на екскурзија, учениците од Пореч се вратија дома
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Учениците од Пореч кои биле на училишна екскурзија во Прага, каде се случи трагичен настан во кој загина еден ученик, се вратиле дома, пишува Истра24.

dobivaj vesti na viber

Според Крешимир Брониќ, директорот на гимназијата Мате Балота во Пореч, утринава разговарале со професорите и водичите кои биле на патувањето.

„Засега имам само усни информации за тоа што се случило и додека не ми биде официјално потврдено, не би давал никакви информации за причините за трагедијата“, изјави тој  и додаде дека е ангажирана екипа за кризна интервенција и дека од утре на учениците и родителите од паралелката од која жртвата била ученичка ќе им биде укажана потребната психолошка помош.

Директорот потврдил дека се работи за млад човек од Умаг, кој посетувал училиште во Пореч. Тој починал за време на неколкудневното патување на училиштето во Прага. Наводно, причина за смртта е пад од голема височина. На патувањето имало речиси 90 ученици од трето и четврто одделение од општа и јазична гимназија.

Можете да прочитате

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки