Утрински Весник
Македонија

По случајот со морбили во Долно Коњаре, во тамошните училишта е можна теренска кампања за вакцинација

Morbili.jpg

Имунологот и член на Комисијата за имунизација, Кети Ставриќ, посочува дека тоа ќе се прави за да се спроведе директна имунизација на сите деца кои не се вакцинирани, но за и под итно да се поканат на вакцинација децата на помала возраст кои ја имаат пропуштено

Епидемиолошките служби и Институтот за јавно здравје ќе реагираат со пребарување на невакцинирани лица со кампањи и одење на терен, како и во училиштата на таа територија, најавува проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог и член на Комисијата за имунизација, по случајот со морбили кај 12-годишно дете од Долно Коњаре.

Во гостување на Тема на денот на Телевизија Сител, Ставриќ посочи дека тоа ќе се прави за да се спроведе директна имунизација на сите деца кои не се вакцинирани, но за и под итно да се поканат на вакцинација децата на помала возраст кои ја имаат пропуштено.

Во однос на тоа колку е голем ризикот 12-годишното дете да ја проширило заразата, посочи на релативно нискиот опфат со имунизација во Скопје и високиот ризик од заболување при контакт со заразен.

„Постои многу висок ризик децата кои не се вакцинирани да дојдат во контакт со ова дете кое веројатно било и во болници, лаборатории, бидејќи се правеле анализи. Тие што не се вакцинирани, доколку дошле во контакт со него може да заболат“,вели Ставриќ.

Како што нагласи, сè уште се бориме да го подигнеме опфатот со вакцинација од над 90 проценти, а само опфат од 95 проценти може да не заштити.

Опфатот со првата доза е 73 проценти. Скопје е проблематично бидејќи има одредени општини како Аеродром и Центар каде се загрижувачки бројките и се вакцинирани можеби 50 проценти од децата“, додава таа.

Посочи и на случајот со морбили во Пробиштип и предноста што таму опфатот на вакцинација е 95 проценти.

Можете да прочитате

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство