Утрински Весник
Свет

По руските напади, затворени три украински нуклеарни централи, без струја и половина Молдавија

По руските напади, затворени три украински нуклеарни централи, без струја и половина Молдавија

Украина затвори три свои нуклеарни централи по денешните руски ракетни напади врз енергетската инфраструктура, соопшти државната нуклеарна компанија „Енергоатом“.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека поради „падот на фреквенцијата во енергетскиот систем на Украина“, во три електрани е активиран системот за автоматска заштита.

Станува збор за нуклеарните централи „Ривне“, „Пивденоукраинск“ и „Хмелницки“, пишува „Гардијан“.

„Во моментот електраните работат во проектен режим, што значи дека не произведуваат електрична енергија за енергетскиот систем на Украина“, соопшти „Енергоатом“.

Целиот киевски регион е без струја по руските напади.

Во исто време, прекин на електричната енергија имаше и во соседна Молдавија, вклучувајќи го и главниот град Кишињев.

Вицепремиерот на Молдавија, Андреј Спину, изјави дека струјата исчезнала на 50 отсто од територијата по руските напади врз украинската енергетска инфраструктура.

Тој на „Твитер“ изјави дека амбасадорот на Русија бил поканет да даде објаснување, пренесе „Телеграф.рс“.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70