Утрински Весник
Македонија

По повод смртта на Навални ЦИВИЛ ќе упати протестно писмо пред руска амбасада, в понеделник напладне

Call for protest civil navalny 750x375 1.webp.webp

Во знак на протест, претставници на ЦИВИЛ ќе прочитаат протестно писмо на македонски, албански и англиски пред руската амбасада во Скопје, в понеделник, 19 февруари, во 12 часот.

„На 16 февруари, згасна животот на легендарниот борец за демократија и човекови права во Русија, Алексеј Навални. Го уби режимот на воениот злосторник и диктатор, Владимир Путин.

Со овој чин, ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, се придружува кон илјадниците граѓанки и граѓани низ целиот свет кои изразија протест против диктаторскиот режим на Путин, чија жртва е големиот руски борец за демократија, Алексеј Навални“ се вели во соопштението од ЦИВИЛ.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР