Утрински Весник
Македонија

По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

20240216101105 Big 730x400 99.webp.webp

Ски центарот Попова Шапка информира дека двата денови од викендов ќе има можности за работење на дел од ски-лифтовите, а со тоа и прилика за скијање на овој зимски центар.

Поради недоволно снег ски лифтовите не работеа од 29 јануари и 18 денови немаше можности за скијање.

-Ги информираме љубителите на скијањето дека на патеките „ГЕ” и „Аеродром” имаме услови за скијање, ски-лифтовите „ГЕ”, “Аеродром”, двоседот “Св.Илија” и шестоседната жичница ќе бидат во функција за викендот 17-18.02.2024. Истовремено, Ве известуваме дека цената за дневна карта изнесува 800 денари!, информираа од ски-центарот Попова Шапка.

Оваа зимска сезона скијањето на Попова Шапка се одивива периодично,согласно висината на снежната покривка. Снежната покривка беше доволно висока за да функционираат ски-лифтовите и да има скијање од 20 до 28 јануари, а претходно од 18 до 24 декември 2023 година.

Шестоседата жичница функционираше за панорамски прошетки.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Средба на Муцунски со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин