Утрински Весник
Македонија

По Османи кој ја надмина бројката од 10.000 потписи, Димитриевски наближува до потребната граѓанска поддршка

1200px Maksim Dimitrievski.jpg

Според денешното известување од Државната изборна комисија за бројот на потпишани граѓани за претседателските кандидати да учествуваат на изборите закажани за 24 април – прв круг и 8 мај – втор, до 20 часот синоќа кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, го поминал потребниот број на потписи од 10.000. Синоќа Османи од домашен амбиент самиот се пофали дека за неговата кандидатура се потпишале 10.528 граѓани. До потребната бројка наближува и Максим Димитриевски, од ЗНАМ, за кого потписот го дале 8.400 граѓани. Следува кандидатот на здружената албанска опозициција, Арбен Таравари со 7.513 потписи, па кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, која досега има собрано 6.237 потписи, а Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 4.718. Актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Гордана Силјановска-Давкова неговата противкандидатка од минатите избори во 2019 година, која повторно ја има поддршката од ВМРО ДПМНЕ ќе треба викендов да ги минат партиските конвенции и да се номинираат за трката со 30 пратенички потписи. Двете партии најавија дека покрај пратеничките потписи ќе собираат и граѓански потписи. Рокот за собирање на потребните граѓански потписи е до 8 март, до кога ќе се надеваат дека ќе ја добија поддршката за да учествуваат во претседателската трка и Вело Марковски со 682 собрани потписи, Мерсиха Смаиловиќ 696, Господион Поповски 19, Ѓорѓи Манасков 186, Зорица Цветковска 99 и Томе Николоски кој нема ниту едена поддршка.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор