Утрински Весник
Македонија

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател

Goran specijal 1024x682 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сојузот на стопански комори на Македонија од денеска има ново раководство. Централниот регистар го заведе Горан Ѓорѓевски како нов претседател на оваа деловна асоцијација, со што заврши неколкумесечната борба околу тоа кој ќе ја предводи организацијата.

Претходното раководство, со Трајан Ангелоски на чело, беше ставено под сериозни критики откако Комисијата за заштита на конкуренцијата ја казни Комората заради организирање картел во соработка со четири маркети, со цел координација на цените во продавниците. Овој случај беше клучен катализатор за иницијативата за смена на Ангелоски.


Новиот претседател Ѓорѓевски доаѓа од редовите на организацијата – досега ја предводеше Агро-бизнис комората, како дел од Сојузот на стопански комори. Според дел од бизнис-заедницата, од него се очекува да донесе нова енергија и поголема доверба во оваа институција.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“

Пожар на повеќе локации на Скопска Црна Гора