Утрински Весник
Македонија

По локалните избори во 10 општини ќе има помал број на советници

Sovetgostivar.webp.webp

Во октомври оваа година ќе се одржат редовните локални избори.

Граѓаните покрај градоначалници ќе бираат и членови во советите во општините.


Според Законот за локалната самоуправа, бројот на советнички места се одредува според бројот на жители и тој не смее да биде помал од девет (во општините до 5.000 жители) и не смее да биде поголем од 33 советници. Исклучок од ова е Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа која е регулирана со посебан закон.

Имајќи предвид дека со пописот од 2021 година се случија промениво бројот на жители, во некои општини, вкупно 10 на број, ќе се намали и бројот на советнички места.

Најголем пад во советничките мандати ќе има во општина Гостивар, каде во следните години ќе има дури осум советници помалку.

Според резултатите од пописот од 2002 година оваа општина имала 81.000 жители, што според Законот треба да има 31 советничко место, но по резултатите од 2021 година, Гостивар има резидентно население од 59.770 жители, што значи дека бројот на членови ќе изнесува 23.

Од поголемите општини помалку советнички места ќе има и во Куманово (минус две) и Крива Паланка (минус четири).

Понатаму, четири советници помалку ќе имаат Советите во општините Јегуновце, Теарце, Ново Село, Желино, а два помалку советници ќе имаат Советите во Дебрца, Пехчево и Центар Жупа.

Каде ќе има повеќе советници?

Според резултатите од пописот од 2021 прираст доволно голем за да порасне и бројот на советници има само во две општини.

Едната е скопската општина Карпош каде од сегашните 23 бројот на советници ќе се зголеми на 27, а раст од исто така четири советнички места ќе има во општината Студеничани, односно од 15 на 19.

Со новите податоци од пописот, бројот на сите совенички места ќе се намали за 28. Во Македонија во Советите во општините (вклучувајќи го и Град Скопје) изнесува 1.347

Што вели Законот?

Според Законот за локална самоуправа бројот на советнички места во општините се распоредува согласно борјот на жители во општината.

Па така, општините до 5.000 жители имаат 9 советнички места, оние од 5-10.000 имаат 11 места.

Општините со 10.001-20.000 жители имаат 15 советнички мандати, оние со жители помеѓу 20.001 и 40.000 жители имаат 19 советнички места.

Општините помеѓу 40.0001-60.000 имаат 23 советници, оние со 60.001-80.000 жители 27 места, од 80.001-100.000 жители 31 советник и општините со над 100.000 жители имаат 33 советници во Советот.

Град Скопје како јаголема единица на локалната самоуправа има 45 советнички места

Можете да прочитате

Проектот „Страда бруталисима” македонски претставник на 19. Биенале на архитектурата во Венеција

Градоначалникот Христоски: Од унгарскиот кредит малите општини нема да добијат ништо

Владата излажа за нов клинички центар, болницата 8 Септември не може да биде замена, велат од СДСМ