Утрински Весник
Македонија

По Лога и Села е контра Таравари

Screenshot 2024 02 03 195831.png

На повидок е раскол во партијата Алијанса за Албанците откако лидерот Арбен Таравари преку социјалните мрежи со статус на фејсбук најави изборен настап со албанската опозиција предводена од Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши. На ваквиот негов став на социјалните мрежи се спротивстави генералниот секретар Кренар Лога, кој е за почитување на партиската одлука која е на сила за самостоен настап на изборите. Преку социјалните мрежи се огласи и екс-лидерот на АА, сега претседателот на партиското Собрание, Зијадин Села. -Тој има право да предлага до органот кој има право да одлучува, а тоа е Претседателството на партијата кое во моментот има една одлука, а тоа е дека Алијансата за Албанците се натпреварува сама на изборите. Друго тело за одлучување е партиското Собрание. Шверцерските тенденции на партијата за сметка на не знам кој преку фејсбук статус е сериозно кршење на Статутот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи. Обидите да се разјасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијансата за Албанците – вели Села.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер