Утрински Весник
Свет

По излегувањето од болница, папата ќе отслужи велигденска миса

По излегувањето од болница, папата ќе отслужи велигденска миса

По излегувањето од болницата, Папата ќе отслужи велигденска миса пред десетици илјади католички верници кои ќе се соберат денеска на плоштадот Свети Петар за да ја слушнат пораката од папата Франциск. Папата освен велигденската миса вообичаено ќе го одржи и традиционалниот благослов „До градот и светот“.

dobivaj vesti na viber

Папата Франциск (86) се врати на папските должности по неодамнешниот престој во болница поради бронхитис.

Тој синоќа го предводеше велигденското бдение во базиликата Свети Петар во Ватикан, двоиполчасовна церемонија пред 8.000 луѓе.

Сепак, тој не го предводеше Патот на Крстот во петокот вечерта, како мерка на претпазливост поради големиот студ, објаснуваат од Ватикан. Тоа беше првпат да го пропушти овој настан за време на неговото папство кое започна во 2013 година.

По традиционалната миса на најважниот празник на Католичката црква, папата од централната ложа го дава традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“ (До градот и светот).

Светата столица соопшти дека по повод велигденските празници и „да ја изрази радоста на воскресението на Исус Христос“, предворјето на базиликата Свети Петар ќе биде украсено со околу 35.000 цвеќиња и билки од Холандија и ќе биде претворено во „цветна градина“.

Инаку, традиционално, Папата го користи благословот за прегледување на светските настани. Како и лани, неговата порака најверојатно ќе се осврне на војната во Украина, но и на обновеното насилство на Блискиот Исток и неодамнешните смртни случаи на мигранти кои се обидуваат да ја преминат опасната медитеранска рута од Африка до Европа.

 

Можете да прочитате

Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни

Хутите се вклучија во војната, со ракети го нападнаа Израел

Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран