Утрински Весник
Свет

По Германија, и Франција ги враќа граничните контроли

20241017184237 Big 730x400 82.webp.webp

Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс.

Според тој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија.

„Сериозни закани за јавниот ред, јавната безбедност и внатрешната безбедност претставени со високо ниво на терористичка активност, зголемено присуство на криминални мрежи кои ја олеснуваат нерегуларната миграција и криумчарење, како и миграциските текови кои ризикуваат инфилтрација на радикализирани поединци“, се некои од причините наведени на веб-страницата на Европската комисија, пишува Луксембург Тајмс.

Исто така, се наведува дека нерегуларните премини на границите на Ла Манш и Северното Море, како и зголемувањето на насилството меѓу мигрантите, доведуваат до „опасни ситуации во кои се вклучени и мигрантите и органите на редот“. зш/

Можете да прочитате

Лондон се приклучи на иницијативата на ЕУ за производство на ракети со долг дострел

Зеленски: Покана за членство во НАТО ќе ја донесе Украина до реален и праведен мир

ИДФ објави дека е убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар