Утрински Весник
Македонија

По 8 месеци затвор за напаѓачите на Пендиков во Охрид

Ee.jpeg

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по 8 месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но судот смета дека мотивот „омраза“ не е докажан, изјави адвокатот на Пендиков за БТА.

Пресудата е донесена по нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година пред ресторан во Охрид.


Секретарот на веќе поранешното бугарско здружение во Охрид, „Цар Борис Трети“ бил нападнат и завршил со два напукнати пршлени, скршена вилица, испукани ребра и три скршени заби.

Тој беше донесен со претседателски авион на лекување на Воената медицинска академија во Софија, а случајот прерасна во политички скандал и предизвика нови тензии помеѓу Македонија и Бугарија. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше свечено врачено од страна на бугарскиот политички врв.

Пендиков тврдеше дека бил нападнат поради тоа што се чувствувал како Бугарин, додека одбраната го оспоруваше мотивот.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на Државен Архив

Османи до Мицкоски: Направи половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, и Албанците ќе ти бидат многу благодарни!

Костадинов ја прашува Владата: Кој и зошто ја блокира Струмица?