Утрински Весник
Македонија

По 33 години постоење, згасна ТВ ВИС од Струмица

Screenshot 20241214 183710 Messenger.jpg

Регионалната телевизија Канал ВИС Струмица која што функционираше 33 години се затвори, а вработените завршија во Агенцијата за вработување, објави „сдк.мк“.

Овој медиум веќе неколку дена не зрачи сигнал, со што Струмица остана без единствената телевизија која што информираше за локални и регионални случувања, а емитуваше и програма со неколку авторски емисии.


ТВ Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. Прво функционираше како локална, а од пред десетина години како регионална телевизија. Во неа, во континуитет работеа над десетина новинари, сниматели и технички персонал. Од летово таа бројка беше сведена на минимум.

Лани во јуни, телевизијата беше купена од струмичката фирма „Синерџи Груп Инженеринг“. За време на изборната кампања за последните парламентарни и претседателски избори 2024, оваа телевизија од ДИК доби 125 илјади евра за платено политичко рекламирање.

Во август, од страна на АВМУ на ТВ Канал ВИС Струмица ѝ беше одземена концесијата заради неплатен годишен надоместок и неисполнување на кадровскиот минимум, по што менаџментот ги подмири обврските кон Агенцијата и си ја врати концесијата. Телевизиски сигнал со скромна програма се емитуваше заклучно со ноември, кога вработените добија решенија за престанок на работниот однос со три неисплатени плати.

Можете да прочитате

Костадинов: Егзит останува во Струмица

Мицкоски: За прислушувањето СДС се фатени во лага и сега се заплеткуваат

Тошковски во посета на Полициското одделение Мирковци: Борбата против бесправната сеча на шумата еден од приоритетите на полицијата