Утрински Весник
Македонија

По 20 години на политичката сцена Ахмети размислува за повлекување?

Ali Ahmeti.jpg
Dik 300x250 mk

Албанскиот медиум „Фол“ вечерва објави дека лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, сериозно размислува да се повлече од активната политика. Според информациите на медиумот, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.

Извори во рамки на ДУИ посочуваат дека конечната одлука најверојатно ќе биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата.


„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е блиску до одлука да се повлече од политиката. Тој веќе им ја соопштил оваа намера на некои од своите најблиски соработници,“ пишува „Фол“.

Од 19 октомври, по првиот круг на изборите, Ахмети не дал никакви јавни изјави, ниту се огласил преку социјалните мрежи. ДУИ на овие избори успеа да победи само во општините Липково и Пласница, што според дел од аналитичарите може да биде дополнителен мотив за евентуалното негово повлекување.

Доколку информациите се потврдат, тоа би претставувало историски момент за албанската политичка сцена во Македонија, со оглед на тоа што Ахмети повеќе од две децении е еден од највлијателните политички фактори во земјата.

Можете да прочитате

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути