Утрински Весник
Економија

По 12 години пресуда за „Маѓар телеком“: по осум години затвор за директорите и другите обвинети

По 12 години пресуда за „Маѓар телеком“: по осум години затвор за директорите и другите обвинети

Основниот кривичен суд Скопје денеска јавно ја објави првостепената пресуда за предметот означен како „Маѓар телеком“ против обвинетите А. И. С., Р. П. и З. К., на кои им се судеше во отсуство со оглед дека не беа достапни за органите на прогонот.

dobivaj vesti na viber

Во согласност со пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата и се осудуваат на казни затвор од 8 години за секој од обвинетите.

Воедно, со пресудата обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Република Северна Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.

Можете да прочитате

Германија стопираше 18.000 барања за работа поради исцрпена квота

СДСМ: Власта да го поддржи Законот за 600 евра плата

Косовска компанија ќе носи јаглен од Грција за РЕК Битола