
По само 11 часа од објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци тропнаа на вратата на поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и сега кандидатка, Билјана Ивановска.
„Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци дојдоа да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш отидов да ја подигнам поканата од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август,“ соопшти Ивановска на својот Фејсбук профил.
Ивановска нагласи дека нема што да кријат и дека не се плаши од закани, ниту од „ниски удари и притисоци“. Таа додаде дека нејзината цел како кандидатка е да се обезбеди достоинствен живот во Општина Центар и дека нејзината кампања заедно со Платформата „Независни заедно“ претставува отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам, кои според неа ја довеле до сегашната ситуација.
„Со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство, затоа што институциите треба да ни служат нам, а не на центрите чиј интерес е профитот. Навремено ќе ве информирам за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но секако, адреса за информирање е и Обвинителството како надлежна институција,“ додаде Ивановска.
Оваа ситуација ја отвора дилемата за можните политички притисоци во пресрет на локалните избори, но и за тоа како институциите се позиционираат во време на кандидирање на јавни личности со антикорупциски профил.