Утрински Весник
Македонија

По 1.000 луѓе дневно на Онкологија, еден доктор прегледува и до 130 пациенти!

1a.jpg
Dik 300x250 mk

Клиниката за Онкологија секојдневно се соочува со огромен прилив на пациенти, а медицинскиот персонал работи под исклучителен притисок. Во разговор со новинарот Кристијан Ландов, д-р Вукашиновиќ и главната медицинска сестра Филиповска ги споделуваат своите сведоштва за секојдневниот напор и предизвици.

– Дневно прегледувам околу 80 пациенти, но кога некоја колешка не е тука, тој број се зголемува и до 130 – објаснува д-р Вукашиновиќ.


Главната медицинска сестра, Филиповска, истакнува дека само еден повик од одделенските сестри дека долу има огромна гужва е доволен за да се чувствувате вознемирено на Клиниката вкупно работат 50 медицински сестри, кои треба да се грижат за целата зграда, вклучувајќи 100 лежечки пациенти, лабораторијата, дневните амбуланти, дневната болница, ургентната амбуланта и таблетарната терапија.

– Секој ден низ Онкологија поминуваат од 1.000 до 1.200 луѓе. Работата е исклучително напорна и физички и психички – вели Филиповска.

Д-р Вукашиновиќ ја опишува личната страна на оваа борба:

– Кога ќе дојдам дома, децата гледаат цртани обично зомби. На шега им одговарам: „Мама е зомби веќе.“ Толку си исцрпен што не можеш ниту да ги видиш како што треба – додава таа.

Овие сведоштва ја прикажуваат тешката реалност на Клиниката за Онкологија, каде посветеноста на персоналот е голема, но товарот кој го носат е огромен.

Погледнете ја целата емисија Претрес со Ландов на линкот доле

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси