Утрински Весник
Спорт

ПМФЛ: Силекс ја „растури“ Струга, Вардар поразен од Беса

Vardar.jpg

Екипата на Силекс го совлада актуелниот шампион, Струга Трим Љум со 1-4 (0-0) на гостувањето во дуел од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. 

Тимот на Александар Васоски во второто полувреме прикажа одлична игра и дури четири пати ја затресе мрежата на домашниот тим. 

Алиќ во 61. минута го отвори мечот за водство на Силекс од 1-0, Радиќ во 75. минута го изедначи резултатот.

Осум минути подоцна Маронг го врати водството на Силекс, а во 85. минута Игнатов реализираше за предност на кратовскиот тим од 3-1, Ѓорѓиевски во судиското продолжение ги постави конечните 4-1.

Кратовскиот тим сега е на третата позиција со вкупно 17 бода, додека Струга останува останува на 15 бода, доволни за петтото место на табелата. 

Екипата на Вардар остана претпоследен на табелата откако го загуби натпреварот со Беса во Добридол со 2-1. 

Есати во првиот дел ги доведе домаќините во водство кое беше актуелно се до 73. минута кога Омерагиќ погоди за изедначување. Сепак, Фетаи само четири минути подоцна го постигна победничкиот гол за Беса.

Резултати од 10. коло:

Брера – Воска 1-1
Беса – Вардар 2-1
Пелистер – Шкупи 0-0
Работнички – Гостивар 1-0
Струга – Силекс – 1-4
Тиквеш – Шкендија 0-0.

Можете да прочитате

Уште еден рекорд на Лука Модриќ – го надмина и Пушкаш

Маркез од очај до блесок до триумф во Австралија!

Ѓоковиќ кон Надал: Последниот танц беше епски