Утрински Весник
Свет

Плукнал полицајци и добил 70 години затвор: „Нека биде порака до другите“

Плукнал полицајци и добил 70 години затвор: „Нека биде порака до другите“

Лери Пирсон од Тексас е осуден на 70 години затвор затоа што плукал по полицајци, пишува Њујорк пост.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случи за време на неговото апсење минатиот мај во Лабок. Тој беше уапсен под обвинение за семејно насилство, откако наводно удрил жена неколку пати по лицето, при што имала повеќе видливи повреди.

Пирсон се налутил кога полицајците не ја уапсиле жртвата и почнал да ја клоца вратата на полициското возило.

Откако двајца полицајци ја отвориле вратата и побарале тој да престане да удира, Пирсон ги плукнал и продолжил да го прави тоа дури и откако пристигнал во притворот. Судот подоцна го прогласи за виновен за вознемирување на јавен службеник.

Обвинителката побара од поротата да испрати порака до осомничениот и општеството со нивната казна.

Пирсон има претходни пресуди за тешки кражби и семејно насилство. Поради ова, тој се соочи со минимална затворска казна од 25 години за време на судењето.

„ Ако имате намера да живеете криминален живот, тоа ќе го правите меѓу другите криминалци во затвор, рече Горман во судот.

Џим Шо, неговиот бранител, им кажа на поротниците дека казната е изречена за едноставен прекршок што излегол од контрола.

„ Нема да добиете 70 години за вакво нешто ако никогаш досега не сте биле во неволја, одговори Горман..

Можете да прочитате

Русија тврди дека зазела уште две населби во регионот Доњецк

Иран изградил фабрики за оружје во неколку држави

Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да покаже сочувство и за децата во Појасот Газа