Утрински Весник
Македонија

Пленковиќ: Македонија заслужува членство во ЕУ

Plenkovic mickoski.png

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со својот македонски колега Христијан Мицкоски, истакнал дека Северна Македонија заслужува членство во Европската Унија.

Двајцата лидери остварија телефонски разговор во кој се осврнаа на понатамошната динамика на европскиот пат на Северна Македонија и на претстојниот Извештај за напредокот и состојбата во Југоисточна Европа.


По разговорот, Пленковиќ преку социјалните мрежи нагласи дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните