Утрински Весник
Магазин

Пита со компири – 24info.mk

20260330091905 big 730x400 4.webp.webp

Оваа пита е традиционално јадење на Балканот, особено ценето поради едноставните состојки и богат вкус. Крцкавите кори во комбинација со сочниот фил од компири и кромид ја прават оваа пита совршен избор за семеен ручек или вечера.

Состојки за тесто:


600–700 грама брашно
1 лажица сол
1 лажица масло
Млака вода (по потреба)

За фил:

500 грама компири
1 лажица масло
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка црн пипер
1 главица кромид
За премачкување:

150 грама путер
100 мл масло
 
Подготовка:
Од наведените состојки замесете меко тесто. Поделете го на две топки (јуфки), премачкајте ги со малку масло и оставете ги да одморат околу 30 минути. Во меѓувреме подгответе го филот: излупете ги компирите, измијте ги и исечкајте ги на ситни коцки. Кромидот ситно исечкајте го и измешајте го со компирите. Додадете сол, црн пипер и масло, па добро промешајте. Во мало тенџере растопете го путерот и измешајте го со маслото. На набрашнета работна површина развлечете ја првата јуфка со сукало. Премачкајте ја со мешавината од путер и масло. Потоа внимателно развлечете ја со раце додека стане тенка колку што дозволува тестото. По рабовите распоредете го филот од компири. Преклопете ги страните навнатре и повторно премачкајте со путер и масло. Со помош на чаршаф завиткајте ја кората од двете страни. Наредете ја во подмачкана тава, почнете од средината на тавата и вртете ги корите во круг. Постапката повторете ја и со втората јуфка. Печете во добро загреана рерна на 220°C додека не порумени. Откако ќе се испече, оставете ја кратко да одмори и покријте ја со чиста крпа. Доколку сакате помека кора, покријте ја со влажна крпа или алуминиумска фолија неколку минути.

Можете да прочитате

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес

Зошто православниот и римокатоличкиот Велигден некогаш се поклопуваат, а друг пат не

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим