Утрински Весник
Магазин

Пит и Чејс уживаат во романтичен одмор

Пит и Чејс уживаат во романтичен одмор

Комичарот Пит Дејвидсон и неговата девојка Чејс Суи Вондерс изгледаат многу заљубено на нивниот зимски одмор на Хаваи.

dobivaj vesti na viber

Се чини дека парот не може да ги тргне рацете еден од друг додека се на прошетка во кањонот Ваимеа на островот Кауаи.

Пит (29) е соодветно облечен за ветровит ден во преголем сив дуксер со качулка и тегет бејзбол-капа.

Чејс (26) е во лежерно издание – џемпер во беж и црна боја над мини здолниште со цветни отпечатоци.

Актерката од Out Of The Blue носи темни очила за сонце и светложолта бејзбол-капа на „Доџерси“.

Ветеранот од ТВ-шоуто „Сатрдеј најт лајф“ (29) беше во врска со неколку жени, меѓу кои и супермоделот Емили Ратајковски откако во август прекина со Ким Кардашјан (42) по деветмесечна романса.

Пит и Чејс се запознале во 2021 година кога снимаа заедно како коѕвезди на хорор-комедијата Bodies Bodies Bodies.

Холивудскиот Дон Жуан, како што го нарекуваат, зад себе има цела колекција убави и славни девојки, меѓу кои Аријана Гранде, Кејт Бекинсејл, Каја Гербер и други.

Одлична смисла за хумор, искреност, ведар дух – според јавноста, ова се главните одлики што го прават Пит Дејвидсон неодолив за жените од светот на шоу-бизнисот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста