Утрински Весник
Македонија

Писмен став на коалицијата ВЛЕН за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор кон продолжување на патот кон ЕУ!

Vlen Logo 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВЛЕН:

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци, коалицијата ВЛЕН го соопштува следното:


Новата Влада, во која коалицијата ВЛЕН е одговорен и активен партнер, е цврсто посветена на ЕУ агендата. Активно работи на достоинствено исполнување на условите за динамизирање на процесот кои водат кон полноправно членство во Европската Унија.

Ние, министрите од ВЛЕН, отсекогаш сме демонстрирале највисока посветеност кон европските интеграции – не само со зборови, туку и со дела. Рокот од шест месеци не е само временска рамка, туку обврска која ја разбираме и почитуваме.

Сепак, мора да постои политичка логика и реалност. Дали има 2/3 мнозинство во Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Не, нема. И тука лежи суштината: процесот на интеграција бара соработка, зрелост и одговорност од сите политички субјекти. ВЛЕН не ги заборава обврските, но и потсетуваме дека решението не може да биде еднострано.

Владата има јасен план, стратегија и акциски чекори кои се преземаат секојдневно. Нашата поддршка, не само сега, туку и во минатото, спасуваше клучни процеси. Со еден таков чекор обезбедивме старт на преговорите со ЕУ.

Апелираме до сите општествени чинители, вклучувајќи ги политичките партии, да престанат со ситни политички манипулации на сметка на ЕУ интеграциите. Европската иднина е над политиката на дневни калкулации.

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Врне снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот

Македонија со најниска просечна плата во регионот