Утрински Весник
Македонија

Пиштол и куршуми пронајдени кај стружанец

Pistol e1729951316389.jpg

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(69) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик  „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа еден пиштол калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал.

Можете да прочитате

Намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ која усмрти пешак на мостот „Гоце Делчев“

Случајот „Онкологија“: За 50 пациенти со рак на бели дробови немало никаква медицинска документација

Жена го загуби животот во пожар во населбата Вонвардарска во Тетово