Утрински Весник
Македонија

Писателот Спасов-Ѕоф: Стево е единствениот урбан лик во сите гарнитури, ќе гласам за него

D1aad02f 1bfe 4fdb 97ca 6b09b563de8e.jpg

Откако новинарот и граѓански активист Тони Поповски утрово излезе со видео за поддршка на кандидатурата за втор мандат на Стево Пендаровски, денеска на социјалните мрежи со своја поддршка за актуелниот претседател се јави и познатиот скопски писател Зоран Спасов – Ѕоф.

„До сега имам гласано за ВМРО, СДСМ и Анте Марковиќ. И све џабе… Овојпут ќе гласам за Стево пошто он е једини урбан лик у сите гарнитури до сеа“ напиша Спасов-Ѕоф.

Спасов додаде дека му се допаѓа што Пендаровски не се потчинува на власта и се грижи за спортот и културата.

„А, и да не го номинираат, ја ќе го допишам на лифчето, али само ако ми гарантира дека дупло поише ќе се посвети на овие две работи. Затоа, Hit the road Stevo…“ напиша Ѕоф.

Диме Спасов Ѕоф е афирмиран писател, кој зад себе има неколку книги а парите од нивната продажба редовно ги донира на ранливи категории граѓани.

Негова последна книга е „Џабе живиш у Скопљу“

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна