Утрински Весник
Магазин

Пилешко во кари сос – 24info.mk

20260129091014 big 730x400 86.webp.webp

Пилешкото во кари сос е едноставно, ароматично и брзо јадење кое совршено се вклопува во секојдневното мени. Кремастиот сос со благ зачинет вкус на кари му дава посебна нота на нежното пилешко месо, а подготовката не бара многу време ниту сложени состојки.

 Состојки:

  • 400 грама пилешко филе
  • Малку масло или путер
  • 1 лажица бело брашно
  • 1 кафена лажичка доматно пире
  • 2–3 кафени лажички кари во прав
  • 250–300 мл пилешки бујон (може и од коцка)
  • 150–200 мл неутрална павлака за готвење
  • Сол по вкус
  • Малку бел бибер
  • По желба: свеж магдонос

 
Начин на подготовка:
Пилешкото филе лесно посолете го. Во тава загрејте малку масло или путер и пропржете го пилешкото од сите страни додека не добие златна боја. Потоа извадете го настрана. По потреба, во истата тава додадете уште малку маснотија и кратко пропржете го брашното (една до две секунди), внимавајќи да не потемни.
Додадете го доматното пире и кари зачинот, промешајте, па постепено налевајте го пилешкиот бујон со постојано мешање, за да добиете мазен и хомоген сос без грутки. Варете неколку минути. Потоа додадете ја павлаката за готвење. Кога сосот ќе зоврие, вратете го пропрженото пилешко во тавата. Зачинете по вкус со сол и бел бибер, промешајте и оставете да се вари уште неколку минути за да се соединат вкусовите.
По желба, посипете со ситно сечкан свеж магдонос и послужете топло.

Можете да прочитате

Совети за подобра, помирна и посилна врска или брак

Што кажува вашиот датум на раѓање за вас?

Заљубени веќе 24 години, главниот „виновник“ за нивната љубов е бањата