Утрински Весник
Магазин

Пица – домашно тесто со долго ферментирање

Pica.jpeg

Овој рецепт за пица се базира на бавно ферментирање, што резултира со лесно, еластично и вкусно тесто со одлична структура. Совршен е за домашна пица со професионален квалитет, подготвена во обична рерна.

 Состојки за тесто:

  • 922 грама остро пченично брашно
  • 600 мл ладна вода
  • 23 грама сол
  • 18 грама кристален шеќер
  • 3 грама сув квасец
  • 28 грама маслиново масло

 
Подготовка:
Во брашното додајте сол и шеќер и измешајте ги сувите состојки со вилушка, па потоа додајте го сувиот квасец. Постепено додавајте ја водата и мешајте додека да се поврзе смесата. Потоа додајте го маслиновото масло и месете 10–15 минути, сè додека не добиете мазно и хомогено тесто. Покријте го тестото и оставете го да одмори 30 минути.
Прво ферментирање: Повторно измесете го тестото 2–3 минути, ставете го во лесно намастен сад и потоа сместете го садот во пластична кеса. Оставете го тестото да ферментира на собна температура околу 14 часа.
Второ ферментирање: Поделете го тестото на 6 парчиња од околу 250 грама и обликувајте топчиња. Ставете го секое топче во посебен намастен сад/ во пластична кеса или сите заедно на плех. Покријте со пластична или алуминиумска фолија и оставете да одмараат и бавно да ферментрираат во фрижидер за одржување на храна околу 10 часа.
Започнете со растегнување на тестото со раце, од средината кон рабовите. Поставете го на хартија за печење и развлечете до саканата големина. Додајте доматен сос, кашкавал и додатоци по желба. Печете ја пицата во претходно загреана рерна на 250 °C околу 10 минути, или додека не добие златно-кафеава боја. Послужете ја пицата веднаш по печењето, додека е топла и крцкава.

Можете да прочитате

Шпанија почна истрага за обвинувањата против Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба

Американска компанија прави резервации за хотел на Месечината, депозитот изнесува еден милион долари

Зошто јануари важи за „месец на разводи“ и што навистина се крие зад новите почетоци