Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

560576997 1251201060373950 4647830646849193169 n.jpg
300x250 opst2

На средбата со граѓани во Струмица, на која присуствуваше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, беше претставена советничката листа на партијата во овој град. Носителката на листа, Јасмина Пијанманова, истакна дека е благодарна кон сите што се охрабриле да застанат рамо до рамо со неа и да бидат дел од тимот кој ќе се бори за вистински промени во Струмица.

„Левица за прв пат се појавува со своја советничка листа на овие локални избори и сметаме дека ќе внесеме нова свежина во политичкото делување, особено во битката за подобри услови за живот, поголема правда и еднакви можности за сите граѓани”, порача таа.


Пијанманова посочи дека еден од главните приоритети ќе биде обезбедување чиста вода за пиење, чист воздух и здрава животна средина, не само во градот, туку и во населените места.

„Ќе се залагаме за обновување на системот на дотур на вода од браната Турија и ставање во функција на браната Водоча, обновување на филтрите на водоводот и целосна замена на водоводната мрежа во градот. Ќе се залагаме и за чистење на депониите, отворање на фабрика за рециклирање и изработка на физибилити студија за користење на топла вода од Бања Банско за загревање на домаќинствата”, додаде Пијанманова.

Во програмата на Левица за Струмица, посебен акцент е сатвен на хуманизацијата на градот, а не негова бетонизација, преку уредување и одржување на јавни површини, како и подобрување на инфраструктурата во сите населени места.

„Ќе се залагаме за изградба и обнова на патната инфраструктура, ставање во функција на уметничката галерија и изградба на Дом за деца и млади. Особено внимание ќе посветиме на инклузија и поддршка на децата со посебни потреби преку изградба на современ центар за рехабилитација по сите светски стандарди”, истакна таа.

Освен тоа во план е подобрување на условите во образовните институции како и решавање на хроничните проблеми со поплавите на улицата „Младинска” и сообраќајниот хаос во градот.

На крајот од обраќањето Пијанманова испрати порака до струмичани: „Време е да кажеме стоп за бипартизмот кој владее овие 35 години. Време е за нови, борбени луѓе кои ќе ја сменат перцепцијата кај граѓаните за тоа што значи да се биде советник, човек кој вистински се грижи за својот град и за луѓето во него.

Можете да прочитате

Реакција на Министерството за култура и туризам во врска со оштетувањето на куќата на Владо Малески во Струга

Директорот Ристески си направил синдикат, брат му уште еден – скандалозен конфликт на интереси во М-НАВ

Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време