Утрински Весник
Свет

Пијана полицајка во Англија уринирала во гардеробата на продавница за облека

Пијана полицајка во Англија уринирала во гардеробата на продавница за облека

Пијана полицајка уринирала во гардеробата во продавница, а по таа постапка не добила отказ, што наиде на критики од шефот на регионалната англиска полициска станица.

dobivaj vesti na viber

Амелија Ширер (24) отишла во продавницата „Урбан аутфитерс“, при што со пријателите консумирале големи количини алкохол и побарала да го користат тоалетот. Вработените ѝ рекле дека ниеден тоалет не е достапен во моментот, а таа потоа отишла во гардеробата и таму извршила нужда.

Продавницата за облека во Јорк морала да ги затвори гардеробите по инцидентот и потрошила речиси 500 фунти за длабинско чистење.

Ширер ги негирала обвинувањата на своите колеги, но полициската дисциплинска комисија на Мидлсброу по истрагата утврдила дека таа лажела. И покрај ова, полицајката не добила отказ, само писмено предупредување, пишува „Дејли мејл“.

„Полицајката има 24 години. Сè уште има време да го подобри своето однесување“, рече Огенеруона Игујовве, независна претседателка на комисијата.

На ваквата одлука на комисијата која беше донесена во средата реагираше Марк Вебстер, шеф на полициската станица на регионот Кливленд. Тој рече дека нејзините постапки се некомпатибилни со полициските стандарди. Тој додаде дека е загрижен за исходот и дека сега се разгледуваат правните опции.

„Полицајците мора да се придржуваат до највисоките стандарди на однесување и да ги применат нашите општествени вредности, без разлика дали се на должност или надвор од должност. Дејствата на Ширер не се во однос на она што се очекува од полицајците во Кливленд“, рече Вебстер.

На сослушувањето на комисијата беше кажано дека Ширер и нејзините пријатели во период од четири часа ручале во барот и испиле повеќе алкохол. Потоа отишле во друг бар, каде консумирале Џек Даниелс. После тоа, Ширер отишла во продавницата.

Можете да прочитате

Берлин сака да ја зајакне цивилната одбрана, ги повикува Германците да се подготват за криза

Петмина повредени на шестата трка со бикови во Памплона

Во Москва регистрирани 34,6 степени, надминат рекорд од 1903 година